Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски за зделката на внукот на Ахмети за дел од „Соравија“: Обвинителството може да отвори истрага

/

пред 1211 дена

Сподели преку :

Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи. Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, кој за 0 евра, со добивање кредитна линија од банка од Тирана, доби 39 отсто сопственост врз објектот „Соравија“ во центарот на Скопје.

Спасовски беше запрашан дали ќе има некаква одговорност, на што одговори дека „за се што произлегува, а е спротивно на законските одредбди, секако ќе мора да има одговорност“.

„Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности“, кажа Спасовски во изјава за медиумите.

Со 0 евра до 39 отсто во „Соравија“ – Тајните на зделката на внукот на Али Ахмети