Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спикерот Гаши во болница – од Собрание велат состојбата е стабилна, но без детали дали се откажани некои активности на законодавниот дом

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Само неколку часа откако беше на гости во Општина Тетово, собранискиот спикер Африм Гаши вчера вечерта итно бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија. Имал болки во стомакот, а лекарите одлучиле – ќе биде лекуван медикаментозно, бидејќи засега нема одлука за оперативен зафат.

На Гаши му е поставена дијагноза преплет на црева – состојба кога цревниот систем отежнато ја преработува храната и го поречува нормалното функционирање на стомакот. Директорот на клиниката Костовски ги потврди информациите за Телма. Запрашан дали во меѓувреме може да се донесе одлука спикерот да биде опериран – не ја отфрла и таа можност.

Денеска на настан во населба Илинден се појави министерот за здравство и сопартиец на Гаши, Азир Алиу, но ги избегна прашањата и камерите на медиумите.

А, од законодавниот дом испратија официјално известување за состојбата на претседателот Гаши.

„Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста, од надлежните институции“, се вели во соопштението од собраниската служба.

Ова е сѐ што испратија од законодавниот дом во дописот до јавноста. Нема повеќе детали во однос на тоа како ќе работи институцијата и дали се откажани некои активности.

Спикерот Гаши вчера во Тетово изјави дека Собранието се обидува максимално да ги искористи следните денови, да се донесат законите што се во процедура, но и да не се попречи работата на другите институции. Изборите треба да бидат распишани во првата половина од август.

Петар Догов