Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Споменикот на Ќосето повторно поставен, овој пат кај „Континентал“

/

пред 447 дена

Сподели преку :

По седум години откако беше отстранет како дивоградба, споменикот на Андон Лазов – Ќосето, контроверзниот ликвидатор на ВМРО, повторно е поставен во Скопје. Новата локација е кружниот тек кај хотелот „Континентал“, каде што е изграден нов бетонски постамент.

Споменикот, кој го прикажува Ќосето со кама во рака, е поставен ноќе, а од Град Скопје кусо информираа дека се оддава признание за неговиот „неуморен дух и саможртва во борбата за слобода“.

Градоначалничката Данела Арсовска уште во 2023 година најави враќање на споменикот, кој првично беше поставен во 2014 пред судскиот комплекс, за потоа беше отстранет од Петре Шилегов во 2018 година поради тоа што бил без дозвола.

Одлуката за повторно поставување беше изгласана од Советот на Град Скопје во декември 2023 година.

Ќосето останува спорна историска фигура — славен како револуционер од Илинденското востание, но и озлогласен како ликвидатор кој си го убил и братот.

Сепак, локалната власт го промовира како симбол на македонската борба за независност, а поставувањето на споменикот е дел од иницијативата за „исправање на историските неправди“.