Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Според трудовиот инспекторат во М-НАВ не се кршел колективниот договор

/

пред 423 дена

Сподели преку :

По претставката за првиот од трите спорни огласи за вработување ова лето, кога беа примени потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, сопругот на директорката од ВМРО-ДПМНЕ на Централниот регистар на Македонија, сопругата на осуден за нападот на Собранието во 2017 година и други партиски кадри, трудовиот инспектор за работни односи направил инспекција во Македонска навигација (М-НАВ) и не утврдил повреди на Колективниот договор, објави „Сакам да Кажам“.

Прво, претставката ја шетаа од Скопје во Кавадарци. Потоа предметот не се работеше зашто архиварката била на одмор и немаше кој да го премести од нејзиното биро, на бирото на трудовиот инспектор.

Претставката ја поднесе Синдикатот на контролори на летање, а во извештајот инспекторот само прераскажал што се случувало и како директорот Владимир Ристевски потврдил дека само тој и двајцата директори ги вршеле интервјуата и одредувале кој ќе биде вработен, а кој не.