Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

/

пред 116 дена

Сподели преку :

Педесет и осумгодишна жена од Србија остана бремена со тројка по ин витро оплодување во болницата „Плодност“ во Битола, со што таа е највозрасната пациентка која забременила во оваа здравствена установа. По долгогодишна борба со неплодноста, таа успеа да ја оствари желбата за мајчинство.

„По пет години менопауза, со соодветна подготовка на слузницата на матката успеавме повторно да воспоставиме услови за бременост. Подготовката траеше околу шест месеци, по што беше реализирана бременост со донирани јајце-клетки и семен материјал од нејзиниот сопруг“, изјави д-р Таше Трпчевски од болницата „Плодност“ во Битола. 

Претходно кај пациентката се  извршени сите неопходни медицински процедури и направени детални проценки на нејзината здравствена состојба. Иако случајот претставува своевиден медицински феномен, д-р Трпчевски нагласува дека станува збор за комплексна и ризична бременост која бара внимателно следење и континуирана медицинска грижа.

„Таа ни кажа дека поради напорниот и долг пат до Битола ќе се обрати до институциите во Белград. Тамошниот етички комитет ќе треба да донесе проценка дали ќе се изврши редукција на ембрионите или ќе останат сите. Ако останат трите ембриони и пациентката ги донесе на свет трите деца, тоа навистина би било куриозитет“, изјави д-р Трпчевски.

Во болницата „Плодност“ досега имаше повеќе успешни бремености кај пациентки постари од 50 години. Највозрасната која претходно се породила во оваа болница беше  54-годишна пациентка, која пред неколку години роди  близнаци како сурогат-мајка на својата ќерка.

Емилија Мисирлиевски