Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србите се повлекуваат од сите институции на Косово – поднесени неотповикливи оставки

/

пред 1429 дена

Сподели преку :

Неотповикливи оставки на своите функции денеска поднесоа градоначалниците на четирите мнозинско српски општини во Северно Косово, советниците, пратениците во Косовското собрание, судиите, обвинителите, вработените во администрацијата во обвинителството и судството, како и припадниците на Косовската полиција во регионот север.

Соопштувањето на оваа одлука на прес конференцијата на Српската листа беше проследено со гласен аплауз од присутните , додека полицајците пред телевизиските камери ги соблекоа и униформите кои ги носеа.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, изјави дека оваа одлука била едногласно донесена на денешниот состанок во Звечане.

„Токму заради нашата решителност да го почитуваме меѓународното право и да го одбраниме Бриселскиот договор и сите останати договори постигнати во дијалогот, одлучивме да ги напуштиме сите политички институции, значи Собранието, Владата и четирите општини во Северно Косово, но и да го прекинеме и учеството и работата на Србите во органите на правосудството, полицијата во Северно Косово и целит админстративен персонал во четирите општини во Северно Косово“ – изјави претседателот на српската листа, Горан Ракиќ.

Ракиќ додаде дека овие одлуки ќе останат на сила се додека официјална Приштина не започне да го почитува меѓународното право и  договореното во Брисел.

„Тоа конкретно значи – додека не ги повлече едностраните и противправните одлуки за пререгистрација на табличките на возилата, додека не формира заедница на српските општини во согласност со првиот договор и сите други договори кои се склучени за ова прашање во рамките на дијалогот“ – вели Ракиќ.

Ракиќ додаде дека Србите од Косово не се закануваат никому, туку сакаат да го зачуваат мирот и стабилноста, како и своето право на мирен и достоинствен живот на своите огништа.

Денеска во Белград заседаваше и владата на Србија а на повик на премиерката Брнабиќ, на седницата присуствуваше и претседателот Вучиќ, кој информирал за разговорите кои ги имал со претставниците на Косовските Срби.

По седницата на владата, Вучиќ се сретнал со амбасадорите на Кина и Русија во Белград, додека потоа телефонски разговарал и со американскиот амбасадор Кристофер Хил.

Од кабинетот на Вучиќ, информираат дека во долгиот разговор со Хил, српскиот претседател информирал дека косовските срби биле згрозени од едностраните потези на официјална Приштина, кои ја загрозувале нивната безбедност, но и стабилноста на целиот регион.

Американскиот дипломатски претставник побарал од Вучиќ, Србија да се однесува одговорно, сериозно и на ниту еден начин да не учествува во загрозувањето на регионалниот мир и стабилност.

Никола Илиевски