Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средба на Зеленски со американскиот претставник Кит Келог по острите критики на Трамп

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Средба на Зеленски со американски претставник за Украина Кит Келог. Состанокот доаѓа по американско-руската билатералка на која се поставуваа контурите за судбината на Украина.  Зеленски претходно изјави дека смета на единството и храброст на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД. Според украинскиот претседател од клучно значење за држaвата е оваа средба и целата соработка со Америка да бидат конструктивни.

Макрон се сретна со европските лидери во Париз. Тој изјави дека има зближување на ставовите велејќи дека Русија претставува егзистенцијална закана за Европејците. Според него Европа сака траен и цврст мир во Украина. Се очекува британскиот премиер Стармер да отпатува во Вашингтон наредната недела, откако претходно го поддржа Зеленски по нападите дека не е легален претседател. Зеленски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на Нато Марк Руте во кој побара сигурносни гаранции во пресрет на мировните договори.

Претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски „диктатор, без избори“, обвинувајќи го за тековната војна со Русија. Според него, Зеленски бил “добар само за играта на Џо Бајден” и додаде дека Украина ги злоупотребила американските средства.

Тој посочи дека Европа треба да преземе поголема одговорност. Трамп изрази жалење за судбината на Украина, тврдејќи дека Зеленски “завршил ужасна работа”, а земјата е уништена со милиони загинати.

За изјавите на Трамп дека Зеленски е диктатор не останаа без коментар и од руска страна. Заменик претседателот на рускиот совет за безбедност кој пред Путин беше и претседател на земјата во периодот од 2008 – 2012 година, Дмитриј Медведев на социјалната платформа „Х“ напиша дека Трамп со ваквите коментари е 200 отсто во право. Тој посочи дека ако некој му кажеше дека тоа се зборови на претседател на САД тој гласно би се насмeaл.

Теа Димковска