Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српски државјанин фатен со 130 килограми марихуана на Табановце

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Запленети се околу 130 килограми марихуана на граничниот премин „Табановце“, скриени во камион, кои српски државјанин се обидел да ги прошверцува и да ги подмити цариниците, под изговор дека носи цигари. Марихуаната била спакувана во торби, а српскиот државјанин бил сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана.

Благодарение на квалитетната реакција на царинските службеници, извршен е детален преглед на возилото, при што е пронајдена дрогата. При прегледот, службениците забележале дека палетите се специјално прекроени и не се во стандардна форма, а зад нив имало повеќе торби. На прашање за содржината на стоката, возачот одговорил дека носи цигари и се обидел да понуди мито, изјави Бобан Николовски, директор на Царинската управа.

Кумановското обвинителство донесе наредба за спроведување на истрага против осомничениот за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото, се наведива во соопштението на Јавното обвинителство.

Од Царинската управа порачаа дека остануваат посветени на спроведување на континуирани мерки и активности за спречување на недозволената трговија со наркотични средства и зајакнување на системот на контрола и превенција.

Марија Митевска