Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српскиот премиер Вучевиќ позитивен на коронавирус, на домашно лекување со медицинска терапија

/

пред 815 дена

Сподели преку :

Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ е позитивен на корона вирусот, поради што се откажани сите средби и посети планирани за следните неколку дена .

– Премиерот Вучевиќ е на домашно лекување, користи медицинска терапија и се чувствува добро, соопштија од Владата на Р.Србија.

Во соопштението се додава дека „претседателот на Владата на Република Србија ќе ги извршува сите должности од дома“.

Тој денеска требаше да присуствува на продолжетокот на вонредната седница на Собранието со вкупно 60 точки на дневен ред, меѓу кои е и Декларацијата, која беше усвоена во Се српскиот собор на 8 јуни во Белград.

Последна меѓународна активност на премиерот Вучевиќ беше во петкот кога имаше средба со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.