Сојуз на синдикатите на Македонија објави дека претседателот на Синдикатот во Водовод и канализација Скопје Столе Кашиковски, добил отказ од в.д директорот на Јавното претпријатие, Марјанче Митовски.
„Ова е преседан во работењето имајки во предвид дека в.д директорот е непресметлива личност“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
- Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ, објавуваат од ССМ.
Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да го укине незаконското Решение за изрекување на дисциплинска мерка престанок на работен однос, а Управниот одбор да утврди зошто Митовски не ги спроведува ниту нивните Одлуки што е основ за негово разрешување.











