Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стаменкоска Трајкоска: Прекрасна е иднината на парламентарното мнозинство, во секој момент има 75 и повеќе пратеници

/

пред 531 дена

Сподели преку :

Прекрасна е иднината на парламентарното мнозинство, порача Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во било какво можно сценарио или било каква најстрашна состојба, владеачкото мнозинство е многу стабилно. Бројот на пратеници во секој момент е 75 и повеќе, бидејќи во собранието има и состојби на размислувања, не слепо следење на коалициите и сите оние состојби кои што се случуваат секојдневно. Ситуацијата е многу едноставна. Се наоѓаме на една раскрсница, господинот Таравари има право на избор и тој избор е поддршка на реформите или се она што значи надеж за добра иднина на Македонија или да се врати назад во она скандалозно и коруптивно семејство кое, за жал, седум години владееше на овие простори“, нагласи Стаменкоска Трајкоска.