Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилниот кредитен профил на земјава

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата.  „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед, соопштија од Министерството за финансии.

„Потврдата на кредитните рејтинзи е јасен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски“ соопштија од Министерството за финансии.

Според оценките на кредитните агенции, економскиот раст е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.

„Потврдата на рејтинзите од страна на двете водечки меѓународни кредитни агенции претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните“ кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.