Обдукциите кога се работат на тела во распаѓање се доста тешки и мачни, нема многу материјал врз основа на кој би довеле до одреден заклучок, рече доктор Александар Станков, директот на Институтот за судска медицина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за пронајденото женско тело во распаѓање во село Зрновци.
„Кај тие тела треба да се одреди причината за смрт, доколку има докази, треба да се даде идентификација и да се даде одговор дали таа причина за смрт е насилна или природна, ако може да се одреди и колку време се наоѓало телото на тоа место“, рече доктор Станков без да навлегува во детали за конкретниот случај.
Станков кажа дека обдукцијата на пронајденото тело во Зрновци е завршена и сите информации се проследени на истражните органи.
С.Д.











