Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Станков: Преку генетски анализи до превенција од ненадејна срцева смрт кај млади луѓе

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Ненадејната срцева смрт е голем проблем во светот, особено кај млади луѓе, изјави доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Како пример за тоа посочи фудбалски натпревари во кои фудбалери кои не знаеле дека имаат проблем со срцето, нагло ќе колабираат и паднат.

„Тоа вообичаено се случува кај спортисти или кај млади луѓе. Сите ние имаме некој близок или подалечен роднина кој што така на 40-45 години починал. Никој ништо не проверувал, па ќе речат„ништо не му беше, здрав-прав, си отиде“. Меѓутоа, никој здрав-прав не си отишол. Затоа се вика ненадејна смрт, смрт што се случува кај луше кои за околината се здрави“, рече доктор Станков.

„Ние направивме еден исчекор, добивме еден инструмент за генетски анализи, склучивме договор и со Фондот за здравство, набавивме реагенси и сме дел од балканската групација, заедно со Италија, да направиме една база на генетски податоци во врска соненадејната срцева смрт. Многу од луѓето велат „не го сечете, не сакаме да го отворате“, меѓутоа со една обдукција може да се пронајде нешто што никој не знае дека го носи во своите гени“, рече доктор Станков.

С.Д.