Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стариот и неупотребен КАТО систем ќе се менува со нов – но и за него ќе треба едуциран кадар

/

пред 1034 дена

Сподели преку :

До 5-ти јануари ќе се распише тендер за Като систем, а по негово распишување ќе биде потребно време за да се најде едуциран кадар кој ефективно ќе работи.

Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека ќе се најдат 15 медицински сестри кои ќе работат на овој систем , иако е свесен дека е потребно време, но тврди дека нема да отстапат од решавање на проблемите.

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот се надева дека до тоа нема да дојде.

Вчера пак беа дадени завршните зборови за случајот со Онкологија и лечењето на пациентите на клиниката… Според обвинителниот предлог, екс-директорот на Клиниката за онкологија доктор Никола Васев се товари за несовесно работење во службата, а докторите Игор Стојковски и Марија Симоновска се обвинети за кривичното дело несовесно лекување болни… Пресудата за овој случај ќе биде изречена утре