Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е подготвен да испрати војници во Украина за да го гарантира мирот по евентуален договор. Во статија објавена во „Дејли телеграф“, тој нагласува дека тоа ќе се направи ако е неопходно за безбедноста на Велика Британија и Европа.
Стармер истакна дека кризата во Украина е егзистенцијално прашање за Европа и дека Британија има клучна улога во поддршката за Киев.
Тој додаде дека Британија ќе продолжи да издвојува средства за одбрана и ќе се сретне со американскиот претседател во наредните денови за да ја зајакне соработката помеѓу Европа и САД.











