Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Старт 60 денари, километар 35 денари – таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Таксистите во Скопје бараат зголемување на цените на такси-услугите. Според нив, стартот треба да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар треба да се наплаќа по 35 денари. За чекање во место тарифата, според нив, треба да изнесува 480 денари за час, пишува „Денар.мк“.

Тие истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години, што веќе не е одржливо поради зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Додаваат и дека покачувањето е неопходно за да можат да го покријат растечкото оптоварување и да продолжат да работат во услови на инфлација.

Доколку предложените промени бидат прифатени, цените на такси-услугите во Скопје ќе пораснат за околу 20%.