Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Статистиката покажува: Станале милионери од грабеж на огревно дрво

/

пред 776 дена

Сподели преку :

Дрва наредени во должина од 500 километри, а со висина од еден метар завршуваат на црниот пазар. Институциите и државата секоја година се оштетени со околу 500.000 метри кубни дрва од илегалната сеча на македонските шуми.

Ова се неформалните податоци на ФАО, а експертите по шумарство и од Здружението „Рефорд“ велат дека уште позагржувачки е што постои голема разлика помеѓу овие и официјалните податоци.

Формалните податоци на институциите се од 25.000 до 30.000 кубни метри на годишно ниво. И тие можат да се најдат во статистичките показатели, преку јавни информации од надлежните институции. Меѓутоа, одредени истражувања коишто прават споредби на потребите за загревање и официјалната потрошувачка, укажуват дека и околу 500.000 метри кубни на годишно ниво имаме нелегално дрво на пазарот, вели Сашо Петровски претседател на „Рефорд“.

Петровски вели  во изминатите две години  Шумската полиција има поднесено над 900 кривични пријави за нелегална сеча, а бројот на решени предмети е нула.

Околу девет отсто од шумскиот фонд годинава изгоре во пожарите. Дел од пожарите се резултат на климатските промени, но и дел за што постои сомневање се намерно предизвикани за илегална сеча на шумите и бизнисот со пелети.

Според истражувањата на „Рефорд“ пустошењето на македонските шуми е резултат на илегалната сеча на шумата, бизнис кој е исплатлив и е поврзан со корупција, а дел од вработените во институциите се и корумпирани и им помагаат на организаторите и крадците.

За решавање на проблемите во овој сектор се чека и носењето на новиот Закон за шуми.

Викторија Јованова