Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Дали Украина доби премолчено ДА за напад на руска територија со оружје добиено од САД? . Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер порача дека како суверена држава земјата може да носи свои одлуки за тоа како ќе го користи своето оружје.

Тој додаде дека САД не им забрануваат на вооружените сили да напаѓаат руски цели во близина на границата, од каде што руската војска започнува офанзивни операции и смета дека Киев има голем потенцијал да се одбрани.

Портпаролот на Стејт департментот потсети дека минатата недела американскиот претседател Џо Бајден најави издвојување на нови осум милијарди долари за помош во безбедноста на Украина.

Киев постојано ги повикува западните партнери да дозволат употреба на западно оружје за уништување на аеродромите и другите воени цели длабоко во Русија, од каде се изведуваат ракетни и бомбашки напади врз Украина.