Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стејт Департмент: За евентуално одвојување на стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија решава ЕУ

/

пред 1634 дена

Сподели преку :

САД сметаат дека одговор на прашањето за можно одвојување на процесите на пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ по јуни треба да дадат засегнатите страни и Унијата.

На прашање од МИА дали САД се согласуваат на одвојување на процесот за Албанија да ги започне претпристапните преговори со ЕУ во јуни, а Северна Македонија да остане поради блокадата на Бугарија, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа на брифинг изјави дека за тоа решаваат земјите во ЕУ.

– Ние имаме билатерални партнерства со земјите за кои станува збор, како и со ЕУ и во врска со ова подобро е да се обратите до овие земји и до Унијата, изјави Прајс.