Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Jaglen i jalovina

Стигна јаглен од Грција, нова цена на струјата до крајот на годината

/

пред 357 дена

Сподели преку :

Обезбедени првите 100 илјади тони јаглен за РЕК Битола од грчка „Протергија“, фирма ќерка на Митилинеос кој пак сакаше да влезе на македонскиот енергетки пазар. Цената е 499 денари за Гигаџул.

Преку два повика ЕСМ бара нешто над еден милион тони јаглен за двете термо централи – Рек Битола и Осломеј, кои би ги задоволиле потребите за една година. Претходно и за осломеј беа обезбедени 100 илјади тони од Рес Инженеринг.

Инаку, ЕСМ затвори дел од рудникот за ископ на јаглен во централата во Кичево со образложение дека бил целосно исцрпен капацитетот. Нова цена на струјата за домаќинствата треба да се донесе до крајот на годинава па останува да се види колку овие набавки ќе влијаат на одлуката.

До крајот на ноември пак Регулаторна треба да донесе одлука за нова цена за пренос и дистрибуција на струја ставка која е дел од фактурите за електрична енергија кои ги добиваат граѓаните.

T.Д.