Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стипендии без камата, ангажман најмногу до пет години – услови на државата за стипендирање на студии на топ 100 универзитети во светот

/

пред 414 дена

Сподели преку :

Државата ќе ги плати студиите на било кој од топ 100 рангираните универзитети во светот но студентот ќе мора да биде на располагање за ангажман најмногу до пет години по завршување на студиите и ќе треба да ги врати средствата без камата. Ова се законските измени со кои државата ќе се обиде да го забави одливот на мозоци од државата. Досега овие идни научници немаа обврска за работен ангажман а стипендиите им беа оптоварени со камати при враќање. Македонија и понатаму нема дата база на професори и научници кои живеат и работат во странство во еминентни научено истражувачки институции или компании

Стручен кадар, школуван на еден од топ 100 рангираните универзитети во светот, чија стипендија е платена од државата по завршувањето на студиите ќе биде на располагање за ангажман во период од пет години, а професорите од Македонија кои живеат и работат во странство се контактираат и се мапираат за да може доколку е потребно да се побараат нивните услуги знаења и експертизи.

Одливот на мозоци, еден од клучните проблеми на Македонија, беше нотиран во ревизорскиот извештај за работењето на МОН каде стоеше дека студентите на кои им е платена стипендијата не се должни да се вратат во Македонија.

Министерката Весна Јаневска соопшти дека се направени законски измени бидејќи студентите стипендисти во странство требало да вратат десеткратно поголема сума од дадената за студирање и дека сега се обврзани да и стојат на располагање на државата.

„Ги сменивме договорите со тоа што тие треба да го вратат износот што го дале и да бидат на располагање на државата пет години откако ќе ги завршат студиите. Тие се должни да даваат шестмесечни извештаи бидејќи договорот не е безусловен, еднаш се запишале и ние ќе ги финансираме десет години. Но таков случаи немаме бидејќи тоа се одлични деца, се запишале на врвни универзитети“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Таа додаде дека стипендистите кои веќе ги завршиле студиите се вмрежиле во организацијата „Мостови“ преку која им помагаат на сегашните студенти во странство но и на институции во државата.

Домашната јавност само повремено може да чуе за успесите и резултатите од истражувачката работа на македонските научници кои живеат во странство и се дел од еминентни научни институции или глобални компании. Тоа се должи на фактот што државата не води евиденција за научно наставниот кадар кој е во странство.

„Тоа оди преку универзитетите. Тие ги бараат бидејќи тоа се воглавно професори и бизнисмени. Ги бараат и сеуште ги мапираат и како ги добиваме резултатите така ги внесуваме во базата. Кога ќе ја пополниме со некој пристоен процент тоа ќе биде јавно објавено“, кажа Јаневска.

Државниот завод за ревизија вчера објави извештај за работењето на МОН во 2023 година во кој се нотирани огромни пропусти во работењето, вклучувајќи го и финансиското. Па така во рамките на проектот за превод на 500 стручни книги и учебници од врвни универзитети во САД, Британија Франција и Германија во периодот од 2012 до 2021 година платени се 13,2 милиони евра а книгите не се дистрибуирани, не се води евиденција за прием и издавање и се чуваат во супстандардни услови.

Огнен Чанчаревиќ