Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоечки овации на концертот на ансамблот Танец во Подгорица

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во саботата, на 22 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја. На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место.

Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од  првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ. Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.

 

Во прилог е изборот на фотографии на КИЦ „Будо Томовиќ“ и Секретаријатот за култура на градот Подгорица, кои говорат за свечената атмосфера на концертот и одушевеноста на присутните од македонскиот фолклор, вешто пренесен од ансамблот Танец.