Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за наведување на самоубиство на Ивана и Катја, за телесни повреди и загрозување на сигурноста

/

пред 151 дена

Сподели преку :

Обвинетиот Стојанче Јовановски  е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет, меѓу кои и за наведување на самоубиство на Ивана и Катја. За кривичното дело за нанесување на телесни повреди, осуден е на 5 години затвор, за загрозување на сигурноста доби 3 години и за наведување на самоубиство 5 години затвор или единствена казна затвор од 12 години.

Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на својата ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места и во присуство на детето.

Јовановски  и се заканувал велејќи и дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе и ја земе Катја.