Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најнапредна Реформска агенда во регионот, ако сè оди по план, земјата ќе ја удвои сумата од Планот за раст во јуни

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

„Оценетите реформи во Република Македонија, вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до дигиталната инфраструктура и ИТ опрема во училиштата. Од 65,7 милиони евра, 30,6 милиони ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан“, нагласи Стојаноски.

Доколку се оди според планот, додаде Стојаноски, Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и, како што рече, повторно ќе биде лидер во исполнување на Реформската агенда.

С.Д.