Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојков: Најавите за хибридни напади предизвикуваат несигурност и страв кај граѓаните, очите се вперени во институциите и нивниот одговор

/

пред 401 дена

Сподели преку :

Пожарите и овие најави за хибридни напади предизвикуваат чувство на неизвесност, на несигурност, страв кај граѓаните, дури потоа кај бизнисите, рече универзитетскиот професор Александар Стојков во вечерашната Топ тема на ТВ Телма.

„Сите очи се вперени во институциите, како ќе биде нивниот одговор. Кога зборуваме за бизнис опкружувањето, многу компании сега сигурно размислуваат во заштита на своите објекти. Ова ќе ги зголеми нивните трошоци. Сигурно ќе сакаат и да осигураат многу од својот имот, што дополнително ќе ги оптовари. Доколку ова е образец, доколку ова е имплементација на нечија стратегија, тогаш навистина работата станува многу сериозна. Доколку станува збор за политички препукувања, тогаш ова ни покажува дека политичката ползаризација отишла предалеку, што е одредена закана за политичката стабилност, што, исто така, им штети на бизнисите“, смета Стојков.