Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Столтенберг на чело на Минхенската безбедносна конференција – генералниот секретар на НАТО со нов ангажман од февруари

/

пред 768 дена

Сподели преку :

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг ќе биде нов претседавач со Минхенската безбедносна конференција, изјави добро информиран извор за „Политико“.

Ангажманот на поранешниот норвешки премиер на Минхенската безбедносна конференција ќе почне од февруари во 2025 година. На функцијата ќе го наследи Криштоф Хојцген, германски дипломат кој претседаваше со конференцијата во последните две години.

„Оваа улога го поставува Столтенберг на чело на клучната трансатлантска институција во време на зголемена загриженост околу правецот на војната во Украина и иднината на НАТО по претседателските избори во САД во ноември“, смета „Политико“.

Поранешениот долгогодишен претседател Волфганг Ишингер ќе остане претседател на советот на Фондацијата Минхенска безбедносна конференција.

Минхенската безбедносна конференција е основана во 1963 година од поранешен офицер на Вермахтот и припадник на германскиот отпор и со годините стана клучен состанок на меѓународно ниво или како што посетителите на шега го нарекуваат „Давос со оружје“, наведува „Политико“.