Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Столтенберг: Украина би можела да се согласи на привремено отстапување на територии на Русија во замена за безбедносни гаранции

/

пред 687 дена

Сподели преку :

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека привремено отстапување на територии на Русија е опција за брзо завршување на војната во Украина.

„Ни треба линија на прекин на огнот и, секако, би било идеално да ги покрива сите териртории кои момемтно ги контролира Русија. Но, гледаме дека тоа не е баш реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да се откаже од делови на својата територија за таа цел“, изјави Столтенберг, пренесува „Тагесшау“.

Столтенберг, исто така, додаде дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремено отстапување на територии. Според него, тоа би било членство во Алијансата, но нагласи и оти постојат и други начини за поддршка и вооружување на Украина.