Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Столтенберг: Ве охрабрувам да сте постојани како што работевте за членство во Алијансата, така да го комплетирате патот до ЕУ

/

пред 1063 дена

Сподели преку :

Мирот и стабилноста се предуслов и за економскиот напредок, но и за развојот на демократијата, рече генераллниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред пратениците во Собранието. Тој во својот говор, прв откако земјава е членка на НАТО, порача дека суштинската меѓа кон членството кон ЕУ, е членството во НАТО.

  • Како што сме виделе и претходно сојузниците кои биле дел од Варшавскиот пакт, од источниот блок, прво се зачлениле во НАТО, а потоа во ЕУ. Сите политички партии имаат одговорност да работат заедно и да ја движат државата напред , ве охрабрувам да сте постојани како што работевте за членство на Алијансата, така да го комплетирате вашето патешествие кон членството на ЕУ.

Столтенберг потсети дека членството во НАТО е добро за нашата земја, но и добро за самата Алијанса.

  • Вашите вооружени сили активно придонесуваат за мирот и безбедноста , придонесуваат во различни мисии, како во рамките во Алијансата, со тоа што неодамна ни овозможивте да ги пренесеме нашите сили до Косово, да придонесеме за стабилноста.