Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стоп за УСЈЕ“ достави Предлог измени за А-интегрираните дозволи

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Со симболично трчање од цементарницата УСЈЕ до Министерството за животна средина, претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ ја доставија нивната предлог А-интегрирана дозвола. Со шишиња означени со „чист воздух“, тие побараа институциите да застанат на страна на граѓаните и да обезбедат поквалитетна животна средина. Објаснија дека решението е подготвено според европски стандарди и очекуваат негово разгледување и прифаќање од надлежните.

„Ние како „Стоп за УСЈЕ“, денеска сме тука да ја предадеме до Министерството за животна средина А-интегрираната дозвола, изработена согласно европските регулативи за цементната индустрија и препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на загадувањето. Дозволата е подготвена од граѓани, еко-активисти и експерти, со цел Титан УСЈЕ, конечно, да ги примени овие стандарди и да функционира како современа еколошка цементара“, изјави Стефанија Змејанац од граѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“.

Од министерството за животна средина велат дека постапката за обнова на А интегрираната еколошка дозвола за УСЈЕ ќе се спроведе согласно националните закони и подзаконски акти, пришто јавноста ќе може да даде коментари и предлози.

На 11 март од фабриката УСЈЕ побараа обновување на дозволата. Барањето е во рацете на министерството за животна средина кои во моментов ги разгледуваат документите, а потоа ќе донесат одлука.

Граѓанската иницијатива веќе одржа неколку протести во кои бараше да има мерни станици околу фабриката со јавно достапни податоци. Од УСЈЕ демантираа дека тие загадуваат. Велат дека работат според законски прописи и дека инспекторите не констатирале никакви надминувања на законските лимити.

Тамара Марковска