Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стотици приговори за казните од „Безбеден град“ – на потег е судот да одлучи

/

пред 227 дена

Сподели преку :

Речиси 500 возачи сметаат дека камерите кои снимаат и казнуваат погрешиле во проценката. Откако беше пуштен во употреба системот, Кривичниот суд примил стотина приговори од граѓани и компании кои не се согласуваат со прекршокот. Најголем дел од нив се однесуваат на брзо возење, поминување на црвено светло и нерегистрирани возила.

Судот ги вратил до МВР, да се изјаснат и да вратат на поплаките.

  • „Во февруари се поднесени вкупно 476 приговори, од кои 431 приговори од правни лица и 45 приговори од физички лица, по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд. Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно одредбите Законот за прекршоци, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

Меѓу почестите случаи се и приговорите од лизинг-компании и од граѓани кои продале возило, но не го одјавиле навреме, но од судот засега нема одлуки.

  • „Заради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Safe City“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор“, додадоа од Основен кривичен суд Скопје.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи од ден во ден сообраќајните прекршоци на граѓаните се намалуваат, а надлежните сметаат дека со тоа се зголемува безбедноста во сообраќајот. Реакциите за системот се во насока дека е поставен само на дел од територијата на земјата, а имаше и такви дека треба да се усогласат прекршоците со законот за јазици.

Тамара Марковска

Б.С.