Сирени за воздушни напади се огласија во поголем дел на Украина, што предизвикаа загриженост и вознемиреност меѓу населението. Алармите најпрво се слушнаа во седум градови – Миколаев, Кировоград, Черкаси, Дњепропетровск и во областите Суми, Харков и Полтава, како и во делови на Запорожје и Херсон, за подоцна да се прошират и на Киев и на областа Черниговск. Тие предизвикаа тензии меѓу цивилите кои набрзина се повлекоа во засолништа за да се заштитат од можни напади.
Извори наведуваат дека Русија подигнала 13 стратешки бомбардери од типот Ту-95МС и најмалку четири борбени авиони Миг-31. Таквата информација дополнително ги засилува стравувањата од можна ескалација на руско-украинската војна што би имало последици по двете земји, но и целиот регион.











