Стратешкиот дијалог Македонија – САД на 2 јуни во Вашингтон, кој е дел од Договорот за стратешко партнерство потпишан пред 14 години, а се одржува за прв пат треба да даде нов импулс во билатералните односи Скопје – Вашингтон во повеќе области: од воената, преку економската, до енергетската – изјави амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс.
Со порака дека тоа не е замена за односите со ЕУ, бидејќи Македонија час поскоро треба да ги почне преговорите со ЕУ. Според министерката за одбрана – воена соработка е само дел од овој процес.











