Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Страв и надеж“ е најдобра претстава, Димитар Ѓорѓиевски доби награда за најдобра машка улога – доделени наградите на Војдан Чернодрински

/

пред 113 дена

Сподели преку :

Претставата на Македонскиот народен театар „ Страв и надеж“, работена по текст на германскиот автор Франц Ксавер Крец , во режија на Татјана Мандиќ- Ригонат од Србија , ја понесе главната наградата , за уметничко остварување на претствата во целина на 60. јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“. Зад оваа одлука стои жири комисијата во состав: Снежана Конеска- Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ.

Според Лукиќ , при одлучувањето ја зеле предвид компактноста на сите сегменти, вклучени во проектот.

„Големината на ансамблот, изборот на текстот во репертоарот, односот на режијата кон елементите на претставата. Вклопеноста на сценографијата и костимографијата во концептот на претставата. Кога сите елементи заедно ги составивме , оваа претставата на Националниот театар (МНТ) беше највпечатлива“, вели Дарко Лукиќ- член на жири од Хрватска .

Ирена Поповиќ- Драговиќ за музиката во истата претстава ја освои наградата „ Филип Стевановски“. Наградата за режија му припадна на Дејан Пројковски за претставата „ Црнила“ на НТ –Прилеп. Димитар Ѓорѓиевски за ликот на Фезлиев ја доби наградата „ Кирил Ристоски“ за најдобра машка улога, Валентин Светозарев е награден за сценографијата, а Марија Пупучевска за костимите. Сара Спиркоска, за улогата на Неда е наградена за млада актерка. Таа на фестивалот играше и во „ Сина сенка “ и „ Драга Јелена Сергеевна“, прикажани во офф програмата.

„Толку сум среќна и превозбудена и благодарна на сите овие режисери што ми ја дадоа приликата да бидам во овие проекти“, рече  Сара Спиркоска- Костадиновска- наградена за најдобра млада актерка.

Јеткин Сезаир е награден со „ Трајко Чоревски“ за млад актер, за ликот на Моцарт во претставата „ Амадеум“ на Турскиот театар. А, Слаѓана Вујошевиќ за ликот на Констанца во истата претстава, ја освои наградата за главна женска улога. Наградата за женска епизодна улога ја доби Билјана Драгичевиќ- Пројковска, за ликот на Марија во „ Мачкина глава“ на Драмскиот театар. А, Александар Степанулески за улогата на Симон е награден со „ Димче Трајковски“, за машка епизодна улога.

Во чест на наградените, вечерва на затворањето на фестивалот, Белградскиот драмски театар ќе ја одигра „ Црно злато“, претстава реализирана по најновиот текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрлиќ. Таа зборува за трансродовото лице Ангела кое по повеќе години се враќа дома како жена, а била маж.

„Овде требаше да се најде добар баланс меѓу тоа да не се оди во претерано шмирање или во некое претерано прикажување и поцртување на некои карактеристики на овој лик. Така што Оливер многу ми значеше , за да ме усмери фино , да не претерам ни на едната, ни на другата страна. Тоа да не оди премногу, а повторно да почувствуваме по нешто од двата света. И од нејзиниот машки и од нејзиниот женски свет“, рече Ања Курчиќ- актерка.

За Телма од Прилеп- Сотир Трајков