Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентката Ангела Василевска од ФИНКИ новоизбрана претседателка на Универзитетско студентско собрание

/

пред 370 дена

Сподели преку :

Ангела Василевска е новoизбрана претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“. Таа ќе раководи со студентското тело една година започнувајќи од први ноември годинава.

Студентката на тајно гласање освои 18 гласа „ЗА“ додека нејзиниот противкандидат, студентот Дамјан Златановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) освои 10 гласа.

Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.

Од први ноември со работа ќе започнат и мандатите на новите делегати. Василевска ќе го замени досегашниот претседател Александар Николовски кој на чело на Собранието беше две години.

Извор на фотографија: Социјални мрежи

Т.Д.