Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење против Нино Васев, поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Во основниот кривичен суд денеска продолжува судскиот процес против четворица онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, обвинети за несовесно лекување пациенти.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска, за што нејзиниот адвокат достави медицинска документација и барање за одлагање. На обвинителна клупа тогаш седнаа првообвинетиот Васев и двајцата онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Одбраната достави дополнителни докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството, а адвокатот на Васев побара исклучување на дел од доказите добиени од Словенија, тврдејќи дека вештакот Маја Радник нема официјален статус во таа земја. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска оцени дека ваквите наводи се беспредметни, бидејќи обвинителниот акт веќе ја поминал фазата на оценка.

Судијката Снежана Марковска го прифати барањето за одлагање, со цел Судот да се запознае со новите барања на одбраната.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози за несовесно лекување на пациенти