Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење за случајот „Пулс“

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март минатата година настрадаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На минатото рочиште сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости, кои ги опишаа паниката, стампедото и борбата за живот ноќта на трагедијата.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и многубројни сведоци.

Постапка се води против повеќе физички и правни лица за тешки дела против општата сигурност. Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани порачаа дека бараат правда за трагедијата која одзеде млади животи и засекогаш ги промени нивните семејства, нагласувајќи дека не бараат одмазда, туку одговорност и дека бараат судот да ја утврди вистината до крај.