Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судењето против Стојанче Јовановски за наведување на самоубиство ќе започне на 30 март

/

пред 202 дена

Сподели преку :

На 30 март започнува судењето против Стојанче Јовановски за наведување самоубиство и помагање во самоубиство по смртта на неговата сопруга Ивана и ќерка Катја. Јавноста беше потресена по веста дека жена и дете паднале од балкон во скопско Тафталиџе и го загубиле животот. На тоа претходеле 7 години физичко и псхичко малтретирање на Јовановски врз мајката на неговата ќерка. За две недели на него ќе му се суди и за нанесување телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство и загрозување на сигурноста.

Насилството се вршело и пред детето и пред сведоци. И се заканувал дека ќе ја избрка од станот и дека ќе и ја одземе ќерката. Тој кобен 2 март обвинетиот најпрвин ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи и телесни повреди, од кои Ивана изгубила и свест. Потоа и се заканил дека ќе ја убие.

„Согласно обезбедените докази, обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која спрема него се наоѓала во положба на фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост, па поради таквото постапување таа на 2 март извршила самоубиство кое може да се припише на небрежност на обвинетиот“, соопштија од Обвинителството.

Надлежните институции го проверуваат и постапувањето на Центарот за социјални работи Скопје, откако било поднесено барањето за развод, како и на полицајците по пријавите за семејно насилство, а Државниот просветен инспекторат спроведе и вонреден инспекциски надзор во „Песталоци“, каде учело девојчето за тоа дали училиштето и стручната служба соодветно постапувале.

Марија Митевска