Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На рочиштето ќе сведочат пет нови лица кои биле присутни во објектот критичната ноќ. Претходно, сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.

Инаку, во судскиот процес обвинети се 35 физички и три правни лица, а одделно Основното јавно обвинителство поднесе три обвиненија против 25 полициски службеници за тешки дела против општата сигурност и злоупотреба на службената положба… Меѓувреме Советот на Општина Кочани ја поддржа изградбата на спомен – обележјето „Патека на бесконечноста на 63 ангели“ за загинатите во пожарот.