Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Судиите поротници од Кривичниот суд започнаа протест поради нискиот надомест – 570 до 670 денари во зависнот од судот, основен или апелација. Дел од судењата денеска се одлагаат, а ќе се одржуваат притворските и оние на кои суди само судија без поротници (односно за кои е пропишана казна до 5 години затвор) известија од Кривичниот суд.

Во известувањето за протестот поротниците потенцираат дека надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во Судот. Оваа сума со години не е изменета, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман.

Од Кривичниот суд има дадоа поддршка. За ефикасно, континуирано и непречено функционирање на судовите потребно е институцијнално решение за ова прашање.

„Судот изразува разбирање за нивното незадоволство, оценувајќи дека судиите-поротници заслужуваат достоинствен и соодветен надоместок кој ќе ја одразува важноста на функцијата што ја извршуваат. Воедно, Судот очекува Министерството за правда во најкус можен рок да пристапи кон измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници, со цел да се создадат услови за надминување на настанатата состојба“, велат од Кривичниот суд.

Се одлучиле за мирен протсест откако изминатите две години повеќепати барале решавање на проблемите од Министерството за правда и Судскиот совет, но дека до денес не се преземени конкретни мерки. Од правда се уште не се огласија, а од Судскиот совет во одговорот за Телма велат:

„Одржани се повеќе состаноци со претставници на судиите- поротници и на истите им е дадена максимална поддршка за нивните барања со апел за решавање на проблемот. Судскиот совет се обрати и до министерство за правда и до владата за да укажеме дека состојбата е алармантна и дека дневниците се ниски, но денеска не е добиен одговор.“

Минатата недела Собрнаието го смени законот за судови во делот за мандатот на поротниците и тие сега ќе можат да се пензионираат на 67 години а не како до сега на 60.

Елена Ивановска Мукоска