Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судијката Билјана Коцевска го презема „Софтвери“ против Рашковски и другите предмети на Ненад Савески

/

пред 200 дена

Сподели преку :

Судијата Билјана Коцевска го презма предметот „Софтвери“ против екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест обвинети, откако Ненад Савески беше избран за државен обвинител. Судењето беше во доказна постапка, но со поставувањето на нов судија се враќа на почеток. Според најавата од Кривичен, на утрешното рочиште само ќе се договорат датумите за судењето.

„Со оглед на промена на претседателот на советот кој постапува по предмети, на утрешната главна расправа судењето нема да почне од почеток, туку само ќе се договори динамика на расправата и ќе се усогласат термините за расправа“, велат од Кривичен суд.

Судијката Коцевска која има 18-годишен работен стаж влегува во одделението за организиран криминал на местото на Савески и во другите негови предмети. Според информациите од Кривичен, Савески бил прв судија, односно претседател на Совет во пет активни предмети кои треба да почнат од почеток. Како втор судија, Савески бил во два предмета меѓу кои и оној за Раде Трајковски Штекли и уште пет обвинети.

Според информациите од Кривичен, овој предмет нема да почне повторно од почеток, затоа што од претходното рочиште дополнителен судија в.д. претседателката на судот Даниела Димовска и во нејзино присуство бил преотворен предметот. Ова судење продолжува утре.

Предметот „Софтвери“, пак, е во повторена постапка, откако скопска Апелација во јули во 2024 година ја укина првостепената пресуда со која Рашковски доби осум години затвор, а останатите обвинети добија од три до пет години затвор. Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и перење пари за јавната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.