Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Судот во Нови Сад од утрово под блокада – полицијата, сепак, внесе дел од вработените во објектот

/

пред 424 дена

Сподели преку :

Група насобрани граѓани, на повик на студентите во блокадите, од утрово го блокираа судот во Нови Сад, не дозволувајќи им на вработените да влезат во објектот. Но, дел од нив, сепак, влегоа на своите работни места по интервенција на полицијата која ги потисна насобраните.

Учесници во блокадите се наоѓаат на сите влезови во судот, а припадници на полицијата со опрема за разбивање на демонстрации се распоредени на два влеза.

Студентите во блокадите како причини за блокирање на новосадскиот суд наведоа, како што тврдат, „неоснованото апсење на учесници во протесите од претходните денови“, а бараат и ослободување на сите притворени лица, вклучително и обвинетите за напад врз службено лице и за обид за тешко убиство.

Тие прават врева со свирчиња, вувузели и тапани. Меѓу учесниците во блокадите се и опозициските пратеници Мариника Тепиќ, Миша Бачулов, Миран Погачар и Радивое Јововиќ.

Судија на претходна постапка во Вишиот суд во Нови Сад, по сослушување на шестемина осомничени за кривичното дело „тешко убиство во обид“ и „соизвршителство“, одреди 30-дневен притвор за петмина од нив и мерка куќен притвор за едно лице.