Следеле, мереле и броеле. Оделе на рочиштата и стасале до заклучок. Пресуди има, но само за ситни криминалци. Високата корупција која е изнесена пред судовите или тапка во место во „Фиока“ или ја проголта времето со измените на Кривичниот законик (КЗ). Оваа била година на судство без пресуди за висока корупциај и криминал, рекордно низок број на пресуди. Ова се дел од главните забелешки во годишниот извештај на „Колицијата сите за правично судење“.
Сепак, од коалицијата се против групно распуштање на судскиот совет, што е во релација со наодите на оценската мисија од ЕУ, иако собранието со неусвојување на годишниот извештај на судски совето става сомнеж за таква одлука.
Има и позитивни наоди во извештајот за работата на правосудните органи. Биле потранспарентни, но повеќе формално, но не и суштински. Сепак, сè уште главни одлуки на телата се носат зад затворени врати за јавноста.
Павле Беловски











