Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судски совет ја кани на средба претседателката на Врховен по наводите за политички притисоци

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Судскиот совет в понеделник ја покани на средба претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми поради последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд врз вршењето на нивната функција.

Во поканата адресирана до Адеми се цитира и Законот за судовите, односно членот 11 во кој се наведува дека судијата одлучува непристрасно со примена на Закон врз основа на слободна оценка на доказите и се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судија на вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.“

Од Судскиот совет додаваат дека средбата треба да се оствари без одлагање поради сензитивноста на прашањето. Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер на 25 октомври имаше средба со судиите од Врховниот суд.  На средбата, како што соопштија од амбасадата, било истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека во носењето на судските одлуки не смее да се дозволи мешање на другите власти.