Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судско рочиште за поранешната антикорупционерка Димитровска

/

пред 117 дена

Сподели преку :

Денеска рочиште и за екс претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Обвинета е за две кривични дела оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во Адитив но и дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

На последното рочиште беа изведувани докази на одбраната.

Во судницата беа објавени документи, а беа пуштени и секвенци од видеа од седници на ДКСК од минатиот и актуелниот состав… Одбраната,  тврди дека во случајот со Димотровска не може да стане збор за оддавање службена тајна, затоа што седниците се уште се јавно достпани на Ју тјуб каналот на комисјата, а списите и документиите во предметите не се службена тајна.

Материјални докази изведуваше и одбраната на обвинетата Билјана Мантева Петрова која одговара за одавање службени тајни на Небојша Стојановиќ.

Претходно Екс претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во кривичниот суд се произнесе дека не се чувствува виновна за делата кои и се ставаат на товар.