Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Супорт Кочани“ со трета донација на компресивна облека за повредените од пожарот

/

пред 430 дена

Сподели преку :

„Супорт Кочани“  ја обезбеди третата донација на компресивна облека за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“. Донацијата е во износ од 2.193.047 денари односно 35.555 евра.
Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
„Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи кои се корисници на компресивна облека. Овој пат се обезбедени вкупно 176 парчиња специјализирана компресивна облека“ велат од „Супорт Кочани“.