Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суспендирани двајца лекари специјалисти на Детска клиника – в.д. директорот со одлука за дисциплинска постапка

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Суспендирани се двајца лекари специјалисти од Клиниката за детски болести кои биле дежурни на 3 октомври и извршиле преглед на 14-месечното бебе кое почина два дена подоцна од бронхопневмонија. Тие се отстранети од работните места додека за нив се води дисциплинска постапка.

„В.Д директорот на Универзитетска клиника за детски болести донесе одлука за формирање на Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдување на дисциплинска одговорност за двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 година. Истовремено директорот донесе Решение за времено отстранување на двајцата доктори специјалисти за кои се води дисциплинска постапка“, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. 

Откако на вчерашната седница Лекарската комора го разгледа извештајот на стручната Комисија соопштија дека се загрижени за системските слабости на Детската клиника и болницата Козле и се оградија за стручните пропусти. Наведуваат дека според Законот за здравствена заштита можат да постапуваат само врз основа на решение донесено од Министерот за здравство, но не и самоиницијативно да утврдуваат мерки.

„Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај. Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи“, се наведува во соопштението од Лекарската комора.  

Инаку, Комисијата за стручен надзор на Министерството за здравство утврди дека задоцнила кислородната поддршка и направен е превид во проценката за хоспитализација бебето кое на 3 октомври беше однесено на Детската клиника, но не беше примено, а потоа родителите го однеле во болницата Козле каде состојбата му се влошила, па беше префрлено  на Детската клиника каде  почина на 5 октомври.

Емилија Мисирлиевски