Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука „22 Ноември“

/

пред 331 дена

Сподели преку :

Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука „22 Ноември“ на која беа упатени пораки за важноста на овој ден и оти државава е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна.

Само ако сме обидените во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати, што ќе ја движат татковината напред –  порача премиерот Христијан Мицкоски.

  • Денес кога го одбележуваме Денот на албанската азбука оддаваме признание на напорите на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат. Нашата заедничка татковина се темели на идејата дека секој граѓанин има еднакво место, еднаква вредност и еднаква можност- Христијан Мицкоски, претседател на Влада на РСМ.  
  • Модерните држави го мерат квалитетот на нивната демократија не само преку функционалноста на институциите, туку и преку начинот на кои ги третирааат јазиците на заедниците што коегзистираат во нив. Во тој контекст јазичната еднаквост не е симболично прашање, таа е демократски принцип и практика што ја приближува нашата земја кон иднината што ја посакуваме- Арбен Фетаи, заменик претседател на Влада на РСМ.