Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на загинати во несреќа во рудникот во Сибир се искачи на 52-ца

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Бројот на загинати во несреќата во сибирскиот рудник денеска се зголеми на 52, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на итните служби.

– Според прелиминарните информации, никој во рудникот не преживеа. Загинаа 52 лица, изјави извор цитиран од новинската агенција ТАСС.

Изјавата ја пренесоа и агенциите РИА Новости и Интерфакс, прецизирајќи дека меѓу загинатите има 46 рудари и 6 спасувачи.

Локално истражно тело отвори истрага за „прекршување на безбедносните стандарди“ и синоќа соопшти дека се уапсени директорот на рудникот, неговиот заменик и одговорните за областа каде што се случила несреќата.

– Тоа е огромна трагедија, изјави рускиот претседател Владимир Путин оддавајќи им почит на службите за итни случаи, кои „дадоа се од себе“.

Властите соопштија дека околу 8 часот добиле пријава за чад во рудникот Листвиајнаја во градот Грамотејно, во сибирскиот регион Кемерово, каде што се наоѓаат бројни рудници за јаглен.

Според локалните медиуми, во моментот на несреќата во рудникот имало 285 лица. Засега не се познати причините за инцидентот.

Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, една од најголемите руски производители на јаглен.