Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вархеји во самоизолација поради Ковид-19

/

пред 2182 дена

Сподели преку :

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји синоќа објави дека е во самоизолација откако дознал дека еден член однеговиот тим е позитивен на Ковид-19.

Вархеји на Твитер објави дека тој и членовите на неговиот тим чекаат резултати од тестирњето и оти во согласност со препораките за јавно здравје се во самоизолација.

Добро се чувствувам, немам симптоми, се тестирав и претходните недели и моите тестови беа негативни. Останете безбедни, напиша Вархеји.

Еврокомесарот Вархеји минатата недела беше во официјални посети на Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде го претставуваше извештајот на Европска комисија за Западен Балкан.